Книга на Калина Малеска „Мојот непријател Итар Пејо“


Новата книга на Калина Малеска „Мојот непријател Итар Пејо“ во издание на ИЛИ-ИЛИ излезе од печат неодамна, со што таа стана ново име во семејството на одлични домашни автори кои оваа издавачка куќа ги издава во изминатите десет години.
Се работи за третата збирка раскази на Малеска, или вкупно 139-та книга во прозната едиција ПРОаЗА на ИЛИ-ИЛИ. Илустрацијата на корицата е на Марија Смилевска, дизајнот на brigada.mk, а книгата веќе од денеска, освен во книжарницата ИЛИ-ИЛИ, може да се најде и во останатите скопски книжарници.
Калина Малеска е македонска писателка, професорка по книжевност и книжевна критичарка. Ги напишала следниве дела:
Збирки раскази: Недоразбирања, 1998; и Именување на инсектот, 2008.
Романи: Бруно и боите, 2006; и Призраци со срмени нишки, 2014.
Драма: Случка меѓу настани, 2010.
Книжевна теорија и критика: Transformation of the Discourse of Power in Literature, 2016.
За книгата, книжевната критичарка Оливера Ќорвезироска напиша:
„ Ништо веќе по „Мојот непријател Итар Пејо“ на Калина Малеска нема да биде како што беше со нејзините раскази, но и со приказните на Итар Пејо, зашто, кога и да ги слушнеме – ќе знаеме дека еден фиктивен книжевен лик со заборавено име стои како глас и зад неа, но и зад Пејо, како негова заумна мисла, како сенка и како идеја за општа правда и праведност. Како осовременета книжевна вистина за фолклорното наследство.







Оваа одлична раскажувачка јас-точка на измислен лик сопoстaвен на Итар Пејо, целосно ги освојува читателските симпатии и на распнатото јаже помеѓу измислениот лик и неговиот „непријател“ – фолклорниот херој, еквилибристички вешто го движи исписот на новата можна книжевна вистина. Или тајна… “. /крај/со/ст

Нема коментара

Seo Services