15 бесплатни електронски книги за веб дизајнери и програмери



Независно дали сте почетник или напреден професионалец, на вебот секогаш има нешто интересно што може да го прочитате. Дали барате искуство во пишување на SVG (скалабилна векторска графика), градење на веб апликации или сакате да станете хонорарец со полно работно време? Сега нема потреба од преголеми книги. Има многу кратки, но корисни електронски книги кои што ќе ви овзможат да станете професионалец во одредена област. И најдоброто од сѐ е што овие електронски книги може бесплатно да ги превземете од интернет!
Само скролајте надолу и уживајте во приказот на 15-те бесплатни електорнски книги за веб дизајн и програмирање кои ќе ги подигнат вашите вештини на повисоко ниво. Некои од нив ви се на располагање во PDF и други формати, додека останатите може да ги читате само online.

1. Џебен прирачник за пишување SVG

Во овој прирачник ќе најдете детален вовед во пишување на SVG (скалабилна векторска графика) и ќе дознаете од каде да почнете. Употребувајќи јасни примери од слики со овошје и кратки објаснувања на атрибутите, чекор по чекор ќе ги научите SV графиците. Прирачникот го има и на португалски јазик.
Автор: Џони Трајтол
Достапна: Online

1-fresh-free-ebooks-for-designers

2. Зборување во JavaScript

Оваа електронска книга би им била од корист и на почетниците, а и на поискусните Javascript програмери бидејќи ја обработува темата во детали. Авторот континуирано пишува за Javascript и неговите други интереси на блогот 2ality.com
Автор: Др. Ексел Рошмаер
Достапна: Online

2-fresh-free-ebooks-for-designers3. Адаптивен веб дизајн

Научете го потеклото на прогресивното подобрување, неговиот механизам, филозофија и многу практични начини на кои може да ги примените принципите на прогресивното подобрување употребувајќи JavaScript, HTML, и CSS во оваа книга со 6 поглавја.
Автор: Арон Густафсон
Достапна: Online3-fresh-free-ebooks-for-designers

4. Електронска книга за Typo класификација

27-те страници од оваа кратка електронска книга ќе ве прошетаат низ клучните класификации за типографијата. Таа ги покрива главните карактеристики на стилот, како и кратка историја за секоја класификација.
Автор: Џејкоб Кес
Достапна: PDF

4-fresh-free-ebooks-for-designers

5. 11 работи кои мора да ги направите при секоја нова WordPress инсталација

Во овој прирачник ќе најдете 11 неверојатни совети за тоа како да креирате одлична WordPress страница. Доколку сте почетник во оваа област и сакате да го инсталирате WordPress, оваа електронска книга е напишана токму за вас.
Автор: iThemes Медиа
Достапна: PDF

5-fresh-free-ebooks-for-designers

6. Градење на веб апликации со Go

Ова е електронска книга во 15 поглавја напишана од Џереми Синз, која ќе ве научи како набрзина да изградите веб апликации употребувајќи го Go програмскиот јазик.
Автор: Џереми Синз
Достапна: PDF ePUB Mobi Online

6-fresh-free-ebooks-for-designers

7. Префрлете се на мобилен со WordPress

Никогаш не е предоцна да ја направите вашата страница мобилна. Научете што е чувствителен (responsive) дизајн, мобилни страници и мобилни апликации, и добијте совети како да ја претворите страницата во мобилна и прилагодена за мобилни уреди.
Автор: iThemes Медиа
Достапна: PDF7-fresh-free-ebooks-for-designers

8. HTML Canvas Deep Dive

Содржи интерактивни примери и вежби низ кои ќе ве воведе во градењето на canvas апликациите. Пожелно е да имате познавања од Javascript и HTML пред да почнете со оваа книга.
Автор: Џош Марианчи
Достапна: Online

8-fresh-free-ebooks-for-designers

9. 10 клучни работи за одлична страница на пристигнување

Во оваа навистина кратка електронска книга, во помалку од 20 страници, ќе ги откриете клучните разлики помеѓу страниците на пристигнување и почетните страници, зошто тие се толку важни и како да изградите модерна страница на пристигнување.
Автор: iThemes Медиа
Достапна: PDF

9-fresh-free-ebooks-for-designers

10. Книга за брзината

Книгата за брзината од Стојан Стефанов е online, бесплатна електонска книга за веб перформанси. На почетокот се фокусира на деловните импликации на веб перформансите: зошто брзината е важна, а потоа дискутира за измените кои можат да ја подобрат изведбата.
Автор: Стојан Стефанов
Достапна: Online

10-fresh-free-ebooks-for-designers

11. Практичен прирачник за веб дизајнирање

Оваа електронска книга е напишана од авторот на Пет едноставни чекори, Марк Болтон. Книгата има 5 главни поглавја во кои се обработуваат теми како истражување и идеи, бои, типографија, распоред на страницата и се она што не очекува доколку сакаме да влеземе во светот на веб дизајнирањето.
Автор: Марк Болтон
Достапна: PDF
11-fresh-free-ebooks-for-designers

12. PHP: Вистинскиот начин

Има многу застарени информации за Веб-от кои ги водат новите PHP програмери по погрешен пат. Оваа електронска книга е овде да го сопре тоа.PHP: Вистинскиот начин е едноставна за читање и разбирање и во себе ги содржи најдобрите РHP практики и линкови до авторитативни туторијали.
Автор: Џош Локхарт
Достапна: Online

12-fresh-free-ebooks-for-designers13. Важни совети за кариерата на програмерите

Оваа книга е напишана од основачот и извршниот директор на iThemes, и е наменета исклучиво за веб програмери. Таа ќе ви покаже како да изградите ваше портфолио, како да работите со клиенти, да развиете комуникациски вештини и ќе ве инспирира да продолжите со учење и истражување.
Автор: Кори Џеј Милер
Достапна: PDF

13-fresh-free-ebooks-for-designers

14. Сакате да сте фриленсер?

Дали сакате да станете хонорарен веб дизајнер со постојано работно време, а немате идеја каде да почнете? Оваа електронска книга ќе ви ги каже предностите и недостатоците на следењето кариера како фриленсер и ќе ви понуди практични примери за тоа како да изградите цврст бизнис во тоа поле. Ќе научите како да заработите пари, да бидете поорганизирани, да најдете нови клиенти и многу повеќе.
Автор: iThemes Медиа
Достапна: PDF

14-fresh-free-ebooks-for-designers

15. Магијата на CSS

Во 6 поглавја се содржани box модел, распоред на страница, распоред на табела, боја, типографија и CSS транзиции. Оваа книга е лесна за разбирање, добро напишана и полна со интерактивни примери кои не дозволуваат да изгубите интерес.
Автор: Адам Шварц
Достапна: Online
15-fresh-free-ebooks-for-designers

abvedit недеља, 28. јул 2019.
ДРИМВОРКС ПОЧНУВА СО ИЗДАВАЊЕ КНИГИ






„Читањето со децата се уште е искуство кое нешто значи. Истовремено производството на е-книги кои вклучуваат интерактивни елементи станува растечки бизнис во издаваштвото", ги објаснува мотивите извршниот директор на Дримворкс, Џери Каџенберг.
Компанијата ги поседува правата за објавување книги базирани на голем број од нејзините популари ликови. Проблемот е што освен оригиналните приказни врз кои е снимен одреден филм, како онаа за Шрек на Вилијам Штајг, постојат и голем број други наслови кои го содржат истиот лик, а чии издавачи правата ги откупиле токму од Дримворкс. Токму затоа компанијата ќе се концентрира на идните филмови и книгите поврзани со нив. Отстапувањето на правата за објавување книга според филмот на друг издавач е секако поедноставно, и носи помалку ризик, но од друга страна директното објавување носи многу поголем профит и контрола врз крајниот изглед на производот.
Изгледа дека барем во САД овој пазар, за детски и тинејџерски книги, навистина расте - спорeд податоци од Здружението на американски издавачи во првите десет месеци од минатата година споредено со истиот период во 2011 покажува раст од 6,9%. Ова се толкува како резултат на зголемените напори на родителите да читаат со нивните деца, а што е пак поинтересно за децaта од ликови кои веќе ги засакале преку филмовите.
Засега водечка компанија која истовремено се занимава и со анимација и со издавање детски книги, што значи и главен конкурент на Дримворкс, е Волт Дизни, којa долго време успешно објавува детски книги базирани врз сопствените хитови. Минатата недела шест од топ 100-те наслови на Амазон беа поврзани со анимираниот филм на Дизни, Frozen.

abvedit петак, 19. јул 2019.
БИБЛИОТЕКА ОД ДЕСЕТИЦИ ТОВАРИ КНИГИ ОД ТРЕСКАВЕЦ ИСЧЕЗНАТА ВО НЕПОЗНАТ ПРАВЕЦ




Нема сомневање дека манастирот Трескавец со црквата „Успение на Пресвета Богородица“ кој се наоѓа на 8 km. северозападно од Прилеп претставува едно од најзначајните светилишта во Македонија. Според некои преданија, но и научни сознанија имотот на овој манастир во минатото се протегал надалеку и нашироко низ Македонија, а под негова хиерархија биле повеќе други манастири. Дел од таквите манастири и имот стигнувале дури до Охрид. Нему му биле потчинети манастирот во Зрзе, а свој имот имал во блискиот Заград, во атарот на селата Дабница, Горно Село, Небрегово, Присад, како и во атарите на некои подалечни села како што е Чепигово. Според предание, на овој манастир извесно време му бил потчинет дури манастирот „Св. Наум Охридски“. Сето тоа има асоцијација на големото значење на овој манастир кое, веројатно, произлегува од древните корени на светост кои не водат дури до антиката кога на ова место, исто така, имало светилишта што од своја страна повторно предизвикува на анализа, размислување и истражување на неговите уште постари култни корени.



Преданијата посебно говорат за богатството од книги со кои распо­ла­гал манастирот. Тие, веројатно, потекнуваат од неговата долга тради­ци­ја на постоење со развиена калуѓерска и свештеничка христијанска деј­ност која претпоставува и собирање црковна литература, како и препи­шу­вање на слична литература, па дури и автентични творечки активности областа на христијанството. Така, веќе споменавме дека според едни кои го пренесуваат преданието, во манастирот имало дури 300, а според други и 700 калуѓери кои се неверојатни бројки, но во секој случај се работело за значајни бројки на присуство на христијански посветеници во минатите векови. Според податоците од еден минеј (месечник во кој се запишувале црковните богослужби) во крајот на XVI век се вршела и препишувачка дејност во манастирот. 1 Во него се наоѓа името на препишувачот Јоаникиј. Во 1712 година јеромонахот Захарија пишува, исто така минеј 2 , а јеромонахот Гаврил во 1720 година пишува „чудеса на Богородица“ 3 . Во 1780 година како и во почетоот на XIX век во манастирот веќе има училиште. Како што споменува Георги Трајчев последниот учител во ова црковно училиште на Трескавец бил поп Ангеле Смичков од Варош кој таму бил до 1870 год 4 . Дека во манастирот престојувале лица со висока христијанска свест говорат и спомените за голем број игумени, јеромонаси и други свештени лица чија дејност е поврзана со манастирот и манстирската црква. Во Поменикот на манастирот кој денес се чува во библиотката во Ленинград (Санкт Петербург) се споменуваат неколку игумени од XVIII и почетокот на XIX век и тоа Јосиф, Исаија и Тимотеј 5 . На дел од живописот на јужниот ѕид на црквата однадвор се насликани игуменот Васарион и монахот Амврозиј, претставени како ктитори со моделот на црквата во рацете. Од зографот Дичо од селото Тресонче е насликан јеромонахот Самоил 6 , а слични податоци за голем број црковни лица од манастирот кои зад себе оставиле траги на сопствена дејност се среќаваат и на други документи и споменици од црквата и манастирот. Посебен сегмент од големиот број културни споменици претставува и големата убаво изработена крстил­ни­ца од мермер која потекнува од XIV век и на која на посебен натпис се споменуваат две имиња: на Гервасиј и јеромонахот Герасим.



Јордан Хаџиконстатнтинов – Џинот

Од пишаните текстови се дознава дека не сите црковни лица поста­пу­вале цивилизи­рано со пишаните докуманти и книгите во манастирот. Кај наши­те пишувачи од XIX и почетокот на XX век останале некои по­да­то­ци за уништувачки однос кон книгите од богатата библиотека на ма­нас­­тирот. Кај Јордан Хаџиконстантинов–Џинот и Георги Трајчев сре­ќа­ваме интересни тврдења за такви уништувачки активности на книжните потенцијали во манастирот. Според нив, битолскиот владика Венедикт и неговиот наследник Герасим изразиле крајно варварски однос кон кни­гите од богатата библиотека во манастирот. Имено, според пишу­ва­њето, тие наредиле да се горат книгите и да му се даваат на секој кој ќе покаже желба за нив. „Владиката Турко Герасимо заповедал големиот број црковни книги да се запалат и со нив околу две недели се палела манас­тирската фурна, а секој намерник можел да земе од книгите колку што сака. Јордан Хаџиконстантинов–Џинот зел неколку товари и ги испратил некаде во Србија“ – вели Трајчев во своите пишувања за овој настан. 7
Во своето пишување за истиот настан Џинот не споменува дека тој испратил неколку товари книги од Трескавец во Србија, но пишува дека во манастирот имало околу дваесет товари книги, односно ракописи. „Ту (во манастирот Трескавец, з.м.) е имало двјадесет товари рукописи, и сега има, но жал нам Славјаните зашто добрите букви и букваро на Кирила, Механович, Григорович и други таквија ни го земале од скопски Марков манастир и од Трескавец. Герасим игумено сам ми казва за букваро на свјатаго Кирила да му го земале и му се обештале да му дадат сто хилјади гроша. Букваро е бил колко един псалтир и длг три педи, на заечки кожи писан. И други 17 книги земале“ – пишува Џинот. 8
Како што може да се види од пишувањето на Џинот освен дваесетте товари книги во манастирот тој споменува и една книга од исклучително значење како што бил букварот од самиот св. Кирил кој го зеле странски собирачи на културни вредности од нашиот простор. Колку слични документи и споменици се однесени од манастирот Трескавец тешко е да се каже. Дел од таквото богатство создавано во цветниот период на манастирот е во познати културни институции низ светот како што е примерот со претходно споменатиот Поменик од манастирот кој се наоѓа во Санкт Петербург. Веројатно голем дел од манастирското богатство создавано низ вековите денес се наоѓа во непознати институции и збирки. Некои непотврдени информации упатуваат на постоење документи и книги од Трескавец во библиотечните или архивските фондови на некои градови од Балканот, северно и јужно од Македонија, а Боро Мокров во врска со исчезнатата библиотека пишува: 9 – „Некои велат дека подоцна ги подариле (книгите, з.м.) на училишната архива во Солун“. Ваквите траги вреди да се испитаат, пред се, заради тоа што меѓу книгите и ракописите може да има и интересни документи поврзани со дејноста на манастирот во минатото, со црковната активност во Македонија низ вековите воопшто и со македонската историја и култура во која овој манастир зазема значајно место.



 „Трескавец“

Интересни се и извештаите за собрана литература и документи кои од Македонија ги собирал и Апостол П. Стоилов, кој тврди дека таква литература и документи собрал и од манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Трескавец при неговата собирачка мисија во време на Првата светска војна. Притоа тој нашол 9 такви материјали во манастирот, со потекло од 15 до 17 век, и уште 8 во Прилеп, со потекло од 14 до 16 век, како во разни агли и на црковните и учлишните тавани, така и во куќите на некои прилепчани, меѓу кои Кочо Небреклиев, Тасо Хр. Думбалов, Ицко Х. Попов и Ацо Хр. Јанев. Материјалите, Стоилов, ги складирал во штабот на Втората Армија во Велес, каде собрал 16 сандаци. 10
Во запишаните материјали на Стоилов наоѓаме уште еден интересн податок за манастирот Трескавец, во кој тој потврдува дека три документи – грамоти, од кои една пишувана на пергамент (кожа) и два на хартија. биле испратени во Србија, по барање за „испитание на старините“. Во документот е запишано дека „кога ќе станат нужни“ да се вратат во манастирот, а на документот е потпишан старешината (игуменот) папа Христо папа Трајков од село Долгавец. 11
1 Б. Бабиќ, Манастирот Трескавец со црквата Св. Успение Богородичино, ИСК–Прилеп, Прилеп 1981.
2 Исто.
3 Исто.
4 Г. Трајчев, Град Прилеп …, стр. 59. Марко Цепенков за поп Ангеле Смичков вели дека напишал и некаква книшка.
5 Б. Бабиќ, Манастирот Трескавец …
6 Исто.
7 Г. Трајчев, Град Прилеп …
8 Б. Конески, Ј. Х. – Џинот…
9 Боро Мокров, Прилеп и Прилепско 1893–1918, Друштво за наука и уметност–Прилеп, Прилеп 1991.
10 А. П. Стоиловъ, До господина Началника на Щаба на II армия(ЦВА, ф. 40, оп. II, а.е. 935, л. 38)
11 А. П. Стоиловъ, Въ Трѣскавския манастиръ,Сборникъ, Народни умотворения и книжнина, София 1900.

abvedit среда, 10. јул 2019.
Слушајте аудио книги со Listen Audiobook Player


Нема ништо лошо во читањето книги, но одредени ситуации едноставно преколнуваат пишаниот збор да биде апсорбиран преку слушалки. Ситуации како физичка активност, патување, или кога вашата подобра половина ви каже дека треба сериозно да разговарате за вашата иднина. Да, да. Вие може да разочарате некого, но Listen Audiobook Player нема да ве разочара вас во ниеден момент.
Програмот изобилува со комплексни можности за манипулација и преслушување на вашите аудио книги. Нема никакви реклами, нити пак бара дополнителни плаќања за отклучување на некоја напредна можност. Штом ги префрлите аудио книгите во вашиот телефон, покренете го програмот и дозволете му неколку секунди за да ги смести сите книги во библиотеката. 

Процесот е автоматски и целосно заобиколува кратки аудио формати, односно песни. За да ги слушате книгите, потребно е да располагате со DRM free формат, како mp3, m4b, m4a, opus, ogg, aac, или flac. Замислете дека сте префрлиле една книга и сте започнале да ја слушате преку апликацијата.

 На главниот екран добивате увид во корицата на книгата, а слушањето може да оди со нормална брзина, или пак успорено, односно забрзано, што е одлично доколку сакате да „читате“ книга со забрзано темпо.

 Но, книгата не ви се слуша повеќе на телефонот и сега сакате да го продолжите слушањето на таблетот. Listen Audiobook Player поддржува синхронизација помеѓу неколку направи и ви дозволува лесно да продолжите онаму каде што сте застанале. Оди до таа мера да ја памети и прилагодената гласност, како и чепкањето низ вградениот еквилајзер.

 Доколку ја пуштите книгата во доцните часови, програмот автоматски ќе намести да ја паузира книгата за 10 или 20 минути, како не би заспале, а книгата да ви шепоти цела ноќ.
Не постои ни една лоша работа која би можеле да кажеме за програмот. Сè работи онака како што е замислено, со огромна прегледност и погодности кои ќе бидат ценети од сите аудиофили. Програмот чини шеесетина денари, но целосно ја оправдува цената.

Мартин Јованчевски

abvedit четвртак, 4. јул 2019.
Seo Services