ТОДОР ГЕОРГИЕВСКИ – ТЕДИ


Брези

ТОДОР ГЕОРГИЕВСКИ – ТЕДИ

Роден во Скопје 1935 година . Дипломирал 1961 година на Архитектонскиот факултет во Скопје, каде слободно цртање и акварел студирал кај проф. Љубомир Белогаски.

Живеел и работел во Скопје како архитект-проектант и активно се бавел со сликарство.
Член на ДЛУМ бил од 1986 година.
Почина во Скопје, ноември 2010 година.

Од  1981 до 2002 година остварил петСамостојни изложби во Скопје-Културно информативен центар (Центар за култура и информации), две  во Домот на армијата воСкопје, потоа во Врање во Изложбениот  салон при Домот на армијата и во Уметничката галерија во Струмица.

Од 1984 до 2002 година Учествувал на Групните изложби на Современ македонски акварел, Сликарство мал формат и Годишните изложби  на ДЛУМ.

Учесник е во работата на повеќе локални и меѓународни ликовни колонии во земјава и странство ( Дојрана- Гевгелија, Заедно-Маврово, Кичево, Никола Маринов - Бугарија)


РЕКОА...

Во своите староградски, скопски, крушевски и други мотиви кои архитектот Тодор Георгиевски со љубов ги слика, емотивно и верно, тивко и племенито, остварува запазени ликовни вредности. 

Вешто компонуван, со архитектонски цврст и стегнат цртеж, со слух за колористична хармоничност, тој успеал убедливо да им ја претстави  атмосверата на тие мотиви.

Затоа, покрај ликовното, тие имаат и свое документарно - фактографско значење.

 
Проф. Љубомир Белогаски



....... А кога ќе застанеме пред неговите слики, неминовно ѓе почуствуваме, како пред нашите очи растат брановите на разбранетото езеро, како светлината ги милува врвовите на стеблата, колку складни се облиците на старата македонска архитектура, каква интимност пружале старите градски и селски амбиенти. Можеби тогаш ќе почуствуваме носталгија по благородните, мирни и достоинствени македонски пејзажи. Можеби тогаш ќе посакаме и една ваза со расцутени трендафили, за да го освежиме тескобниот простор во кој живееме, создавајќи привид, дека сеуште другаруваме со убавините на природата. ................

 
Д-р Коста Балабанов
Историчар на уметноста

Нема коментара

Seo Services