Ребека Вест, писателка која ги сакаше Македонците: дебарската шамија е ремек дело!

„Кон масата пријде млада жена со тркалезно лице, речиси затапено од добрина. На главата носеше дебарска шамија, која за мене претставува еден од најубавите делови од гардеробата во светот“.


Непоткупливата новинарка, писателка, публицист, учесничка во жестоките полемики на своето време, патописец, мајката на бунтовниот критичар Ентони Вест, денес е се повеќе актуелна меѓу нејзините Англичани.

И три децении по нејзината смрт сите нејзини мисли и идеи кои беа осудувани сега се прифатливи, но само една и понатаму е екстремно екстравагантна – нејзината страст кон Балканот. Токму поради таа нејзина „ирационална“ љубов, оваа писателка беше долго време запоставена. Дури во 2000-та година беше објавена нејзината книга со писма. Во 1930-те години Ребека Вест известувала од Југославија која страсно ја пропатувала од Триглав до Гевгелија, и од тие остри и топли белешки настанува нејзината позната книга „Црно јагне и сив сокол“. Не е никакво чудо што Ребека Вест со своето орловско око и сензибилитет го сфатила Балканот, ја опишала неговата историја и ги претчувствувала кризите како ниту еден од странските критичари.




Во текстот кој следува, селективно ги објавуваме нејзините писма кои се однесуваат за Македонија.


Додека набрзина излегувавме од станицата се однесував како професионален водич, покажувајќи со раката на целото она богатство кое во темнината лежеше пред нас. Станицата се наоѓа во новиот дел на Скопје, на крајот на главната улица која наликува на второкласен трговски центар во некој англиски индустриски град, ако не го сметаме слабото осветлување, калдрмата и отсуството на автомобили. Но зад станицата се простира висорамнина која е налик на атлас со големо А, го придржува небото, мермерното небо од отсјајот на месечината низ облаците. Околу нас се ширеше топол воздух и мирис на јоргован, звуци на музика и пеење кое допираше од малите кафеани скриени во споредните улици и дворови. Еден настан внесе во градот ритам и возбуда. Буката на малите фијакери со два коња одѕвонуваше на калдрмата, чукаа и петиците на чевлите на луѓето кои итаа во истата насока.


– Погледнете, сите тие одат во црква на велигденска служба, рече Константин.


Излеговме од нашиот фијакер и им се придруживме одејќи полека по една споредна улица се додека не се најдовме пред црквата која не личеше ниту на црква, ниту на циркус, туку на една украсена двокатна селска зграда. Необично делуваше дури и одвнатре. Изградена пред 100-на години кога султаните покажувале одредена толерантност кон христијаните дозволувајќи им да градат цркви, иако таквата дозвола не вредела многу доколку не бил подмитен локалниот паша. Во ова чудно здание, сега потполно потонато во мрак, стоеја мноштво луѓе кои чекаа со незапалени свеќи во рацете. Оној параван пред олтарот, иконостасот, како архитектоснки карактеристичен елемент на источните цркви, овде беше висок ѕид со крст на врвот, тврдина која го бранеше постојаното загрозување на светата тајна. Кон масата пријде млада жена со тркалезно лице, речиси затапено од добрина. На главата носеше дебарска шамија, која за мене претставува еден од најубавите делови од гардеробата во светот. Тоа е шамија од фино сукно, изшарана со неколку силни црвени бои или розови везени кругови меѓу кои, како да требал да биде скриен од очите на јавноста, стои извезен крст во зелена или виолетова боја. Секоја жена ја врзува таа шамија во согласност со својата визија, но таа секогаш е ремек дело – вознес на една прогонета, но сепак величенствена религија.


Колоната свештеници речиси истовремено излезе низ вратата на иконостасот, се слушна благо шепотење на црковни песни кои ги пееја луѓе чија вера не бараше целибат од своите свештеници ниту пацифизам од своите верници, а свеќите се палеа од рака до рака се додека целата црква не стана едно пламено поле на нежни гороцвети.


…Оваа жена страдаше повеќе од другите човечки суштества. И таа, и нејзините претци. Еден добар познавач на оваа земја рекол дека секој човек кој е овде роден пред Големата војна, а и оние кои се родени подоцна, барем еднаш во животот се соочиле со насилна смрт. Оваа жена морала да биде родена при крајот на распаѓањето на турската управа, тогаш кога буните биле заменети со масакри и кога владел општествен хаос. Ако нејзиното село не било срамнето со земја, таа сигурно слушнала за многу такви на кои тоа им се случило и никогаш никој не и гарантирал дека тоа нема да се случи и со нејзиното село. Во нејзиното зрело доба на Балканот се воделе војни, вклучувајќи ја и Светската, а во меѓувреме таму коселе и колерата, и епидемијата на тифус. Подоцна, на ред доаѓа ВМРО и постојано се живеело на работ на крајната беда. Се имало далеку помалку отколку што било која жена од Западот можела да замисли – и личен имот, и безбедност, и помош при породување. Но, македонската жена имала две работи на кои можеле да и позавиди било која жена од Западот – сила, огромната камена сила на Македонија. Од таков сој на кој ништо не му можел ниту еден куршум освен оној испукан во срце, била во состојба да преживее планински зими, да надживее маларија и куга, да дочека длабока старост со сув леб и толчена сол. Во нејзината немаштија, како во длабочина на некоја карпа, биле собрани последните капки на византиската традиција.


(продолжува)

Оригиналот тука


превод на писма- Ј.Кантарџиева

abvedit четвртак, 4. април 2019.
Стампедо од луѓе на промоцијата на Џипи и Стефанатор

Македонските јутубери Марко Марковиќ и Стефан Рашковиќ познати како Џипи и Стефанатор денеска во Младинскиот културен центар во Скопје ја промовираа својата прва книга „Нашиот пат“, во издание на Просветно дело.
Стотици следбеници на младите јутубери останаа без книга поради брзата распродажба, но утешително беше тоа што имаа можност да се сликаат со „главните ликови“. Еуфоријата на промоцијата беше преголема.
Промоцијата на книгата започна во 12 часот, но младите автори и креатори на Јутјуб кажаа дека промоцијата ќе трае сè додека не ги потпишат сите книги и не се сликаат и со последниот нивен обожавател! 
Јутуберите поканата за напишаната книга до своите следбеници ја објавија на нивниот Јутјуб канал, каде може да се види нивната возбуда, ентузијазам и радост за своето новосоздадено дело.



abvedit субота, 26. јануар 2019.
Preserve Macedonian; Help Fund Educational Series

Preserve Macedonian; Help Fund Educational Series

     




Darko Biberko is an animated 
children’s show that teaches Macedonian. 
We are passionate about the preservation of our language and culture for the next generation both at home and abroad. Click play on the video above to learn more!


Q: Who are the creators?
Kalina and Nevena. We are sisters, born in Macedonia who moved to Chicago at the age of 12 and 8. Music runs in our veins; our grandfather played for the Koco Petrovski Orkestar well known for its classic recordings of “Makedonsko Devojce” and “Pajdusko Oro.”
We are constantly involved in speaking/advocating for Macedonian human rights and have dedicated much of the past year to doing just that. We recently launched a documentary/social experiment by the title of “The M Word” that stresses the importance of the Macedonian identity.
Darko is a family affair… Kalina is the narrator/singer and I write the music. Kalina is a social media expert for a marketing agency and I have a degree in Language Education. I’m also in my final year at Berklee College of Music majoring in songwriting. Together we make a great team and can’t wait to make Darko a huge success but can only do that with your help!


Q: Where will donations go?
Your donations will help to complete 2 episodes per month totaling 24 episodes for our first year of showtime. Aside from investing our time and skills, we need to hire a team of creatives to make this project successful and take Darko Biberko to the next level. We’ve gotten quotes from illustrators, animators, voice-over artists, instrumentalists and audio engineers and each episode is estimated to cost around $1,900. To see our cost breakdown in full, check out the video.


Q: How else can I help besides giving money?
Please help us spread the word about Darko Biberko, follow us on social media and share this campaign with your friends and family!

Find us on youtube and facebook  @ Darko Biberko

Thank you for your donation and/or support! Together we can work to preserve the Macedonian language, identity and culture for generations to come!

35993442_1546979830861286_r.jpeg

abvedit уторак, 22. јануар 2019.
АНКЕТА: 25 ОТСТО ИСПИТАНИЦИ НЕ ПРОЧИТАЛЕ НИТУ ЕДНА КНИГА ВО 2018 ГОДИНА
Од вкупно 690 испитаници, 170 лица прочитале само една книга, 160 прочитале две книги, 130 прочитале три книги и 130 не прочитале ниту една книга. Ова се резултатите од предновогодишната анкета што ја реализираше Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност ИНАКУ од Скопје под заеднички наслов „Културен барометар“.
Анкетата беше анонимна и содржеше петнаесет прашања за културните настани, личности и дела во Република Македонија во 2018 година.
Покрај овие прашања во анкетата стана збор и за читањето книги, весници и списанија, посетите на концертите, ликовните изложби, театрите, кината, следењето телевизија, слушањето радио и слично, со цел да се согледа за што се заинтересирани граѓаните, односно колку и што следат и конзумираат од културната понуда во текот на годината.
На прашањето кога последен пат присуствувале на концерт, 430 одговориле дека биле во 2018 година, 120 во 2017 година, десет во 2016 година, а другите воопшто не биле на концерт. Од испитаниците, на прашањето кога биле на ликовна изложба 170 одговориле дека присуствувале во 2018 година, 70 во 2017 година, а 20 во 2016 година. Театарот во 2018 година го посетиле 545 од анкетираните, 70 во 2017 година, а 20 во 2016 година.
На прашањето кога биле во кино 420 одговориле во 2018 година, 80 во 2017 година, а 30 во 2016 година. На прашањето дали слушаат музика одговориле потврдно 630, негативно 30, а од нив 190 слушаат поп музика, 110 слушаат фолк и изворна, рок 30, забавна 50, а 160 слушаат се. На прашањето дали гледаат телевизија 220 одговориле дека воошто не гледаат телевизија, 210 по два часа на ден, 130 по 3 часа дневно и 70 по 4 часа дневно. Од нив 130 гледаат серии, 140 вести, 70 филмови, 50 документарни емисии, 40 спортски натпревари.
На прашањето дали слушаат радио 250 одговориле дека не слушаат воопшто радио, 150 дека слушаат по 8 часа дневно, 60 по еден час на ден, 55 по два часа на ден и 50 по четири часа дневно. Од нив 70 слушаат Фортуна, 40 Зона радио и 35 слушаат 103 радио.
На прашањето кои списанија и весници ги читаат 490 одговориле дека не читаат воопшто списанија и весници, 60 се определиле за Убавина и здравје, 30 за Глорија, 40 за Слободен печат, 30 за Нова Македонија и 20 за Вечер.
На прашањето дали се задоволни од културата 240 одговориле потврдно, а 450 негативно. Од нив со оценка четири одговориле 130, со три ја оцениле културата 230 испитаници, со два одговориле 230, со еден се изјасниле 50.
На прашањето што им недостасува најмногу 100 се изјасниле за концерти, 60 за театар, 50 за културни манифестации, 30 за изложби и 50 за промоции на книги.
За најзначајни културни настани во 2018 година 50 го избрале концертот на Здравко Чолиќ, 30 се за Виноскоп, 20 за Буба Мара, 20 за концертот на групата Нокаут, 40 за ниту еден.
За личности на годината од културата се избрани 70 за Горан Стефановски, 50 за Сашко Коцев, 20 за Милчо Манчевски.
За најзначајно дело од културата гласале 20 за филмот Исцелител, десет за Струшки вечери на поезијата, пет за Галерија Остен и пет за Стихувалки.
Во анкетата учествувале 690 испитаници, од кои 620 биле од град, а 70 од село. Од нив 630 биле жени, а 60 мажи, додека пак, 290 студенти, 50 пензионери и 350 вработени во други различни професии. Според возраста 190 биле од 31 до 40 години, 110 од 21 до 30 години, 110 до 20 години, 120 од 41 до 50 години и други. Според образованието 390 биле со високо, а 280 со средно образование.
lokalno.mk

abvedit понедељак, 21. јануар 2019.
С Е И Р


Седам во Идадија сум фатил  фусија
цел свет на нишан од овде до Русија
не горам од желба за некоја акција
може да е мрза, може и реакција.
Само сеир, гледам сеир.
Денот ми е година
зборувам ручек, вечера
не мислам на минато,не мислам на иднина
напред, назад народот си минува
натаму, наваму животот поминува.
Само сеир, гледам сеир.

Гледам сеир, немам работа,
гледам сеир, денес е сабота
гледам сеир, мува не ме лази
ни кој ме сакал, ни кој ме мрази. x2






Паметот ми лета,без цел и без мед
времево го тепам, не е голема штета,
не сакам зима, ги сакам летава,
овде кај што седиме е центар на планетава,
Само сеир, гледам сеир.
Гледам сеир, немам работа,
гледам сеир, денес е сабота
гледам сеир, мува не ме лази
ни кој ме сакал, ни кој ме мрази.

Гледам сеир,ништо не правам
гледам сеир, без пари не давам
гледам сеир, чекам да се појавиш
под рака да ме фатиш и дома да ме вратиш.

Гледам сеир, гледам сеир....


Влатко Стефановски -Лирика

abvedit уторак, 4. децембар 2018.
ЗОШТО ГОНКУРОВАТА НАГРАДА Е ТОЛКУ ПРЕСТИЖНА, А ИЗНЕСУВА САМО 10 ЕВРА?

abvedit понедељак, 3. децембар 2018.
„Бусола“ од францускиот писател Матијас Енар





„Бусола“ од францускиот писател Матијас Енар е насловот на најновата книга која излезе на македонски јазик во издание на „Антолог“ од Скопје. Романот е добитник на наградата „Гонкур“ во 2015 година, а преводот е на Владо Ефтимов.

“Станува збор за извонреден, моќен, музички роман, полн со горчливо-сладок хумор. Потрага по другоста, мостот помеѓу Истокот и Западот, вчера и утре. Во текот на една бессона ноќ во Виена музикологот Франц Ритер ги оживува во своите сеќавања за сопствената универзитетска кариера, за своите патувања, за миговите поминати со жената во која е вљубен. Лебдејќи помеѓу сонот и сеќавањата, ги преиспитува својата фасцинација за Блискиот Исток и многуте патувања во Истанбул, Алепо, Дамаск и Техеран, како и многуте писатели, уметници, музичари, ориенталисти и истражувачи, кои го надополнуваат овој огромен сон“, стои во најавата кон книгата

Вечер

abvedit
Seo Services