„Бусола“ од францускиот писател Матијас Енар






„Бусола“ од францускиот писател Матијас Енар е насловот на најновата книга која излезе на македонски јазик во издание на „Антолог“ од Скопје. Романот е добитник на наградата „Гонкур“ во 2015 година, а преводот е на Владо Ефтимов.

“Станува збор за извонреден, моќен, музички роман, полн со горчливо-сладок хумор. Потрага по другоста, мостот помеѓу Истокот и Западот, вчера и утре. Во текот на една бессона ноќ во Виена музикологот Франц Ритер ги оживува во своите сеќавања за сопствената универзитетска кариера, за своите патувања, за миговите поминати со жената во која е вљубен. Лебдејќи помеѓу сонот и сеќавањата, ги преиспитува својата фасцинација за Блискиот Исток и многуте патувања во Истанбул, Алепо, Дамаск и Техеран, како и многуте писатели, уметници, музичари, ориенталисти и истражувачи, кои го надополнуваат овој огромен сон“, стои во најавата кон книгата

Вечер

Нема коментара

Seo Services