С Е И Р



Седам во Идадија сум фатил  фусија
цел свет на нишан од овде до Русија
не горам од желба за некоја акција
може да е мрза, може и реакција.
Само сеир, гледам сеир.
Денот ми е година
зборувам ручек, вечера
не мислам на минато,не мислам на иднина
напред, назад народот си минува
натаму, наваму животот поминува.
Само сеир, гледам сеир.

Гледам сеир, немам работа,
гледам сеир, денес е сабота
гледам сеир, мува не ме лази
ни кој ме сакал, ни кој ме мрази. x2






Паметот ми лета,без цел и без мед
времево го тепам, не е голема штета,
не сакам зима, ги сакам летава,
овде кај што седиме е центар на планетава,
Само сеир, гледам сеир.
Гледам сеир, немам работа,
гледам сеир, денес е сабота
гледам сеир, мува не ме лази
ни кој ме сакал, ни кој ме мрази.

Гледам сеир,ништо не правам
гледам сеир, без пари не давам
гледам сеир, чекам да се појавиш
под рака да ме фатиш и дома да ме вратиш.

Гледам сеир, гледам сеир....


Влатко Стефановски -Лирика

Нема коментара

Seo Services