Друштвото на писателите на Македонија денеска напладне ќе ја
организира манифестацијата „Лесновските ѕвона“ – портрет на поетот Чедо
Јакимовски, со што ќе одбележи 25 години од неговата смрт.
– Чедо
Јакимовски е поет и боем, најзначаен претставник на постсимболистичката струја
во современата македонска поезија, соопшти ДПМ.
За
творештвото на Јакимовски ќе зборува писателот Христо Петрески, стихови ќе чита
актерот Страшко Милошевски, а ќе учествува и музичкиот состав „Кратовски
тамбураши“ со изведба на староградски песни.
Чедо
Јакимовски е роден во Кратово во 1940 година. Автор е на книгите „Нарциса“,
„Лажно море“ и „Халеевата комета“. Членуваше во ДПМ од 1966-та, а почина во
1993 година.
Нема коментара