Три книжевни препораки од страна на Петар Андоновски


Лисица од Дубравка Угрешиќ

Што е книжевноста денеска, која е нејзината улога, која е улогата на писателот, дали сè уште можат да се раскажуваат приказни, се дел од прашањата  кои овој роман ги поставува. Лисица е роман за пишувањето и писателите, оние чии приказни ги менуваат читателите.


Нешто ќе се случи, ќе видиш од Христос Иконому

Нешто ќе се случи, ќе видиш е збирка раскази за обесправената грчка работничка класа, луѓе кои живеат на периферија на Атина, во сиромашните делови кои не се споменуваат во туристичките водичи.
Хероите на Иконому се работници и нивните семејства, пензионери, работници кои безнадежно чекаат плата, млади парови, гладни деца. Иконому во своите раскази обработува теми кои се скриени под површината. Книгата Нешто ќе се случи, ќе видиш се смета за книжевен симбол на грчката криза.


Успиј ме од Лејла Слимани

Романот на Лејла Слимани навлегува во односите изградени врз личната и статусната доминација, на француската моќ, низ сите оние класни, расни, полови предрасуди кои никаква политичка коректност не може да ги искорени.


Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Нема коментара

Seo Services