Книга објавена во Венеција во 1532 година потврдува- Александар Македонски и цар Самуил зборувале ист јазик

Во оваа исклучително интересна книга што се чува во НУБ „Св.Климент Охридски“, професор Винко Прибојевич, користејќи голем број цитати од грчки и латински писатели, тврди дека Македонците отсекогаш го зборувале јазикот којшто го зборувале и во 1525-та година, кога тој ја пишувал својата книга. Според него, Македонците живееле на овие простори и во 16-от век, како што живееле и во вековите што претходеле.
Како исклучително учен човек за тоа време, одличен познавач на античката, класична историја е роден на островот Хвар, каде што завршил основно образование, Винко Пробојевич заминал најпрво на студии по теологија за подоцна да специјализира во Италија и да стане еден од најугледните професори по теологија во тоа време.
Бидејќи бил добро упатен во историјата на Балканскиот полуостров, кој патем тој го нарекува Македонскиот полуостров, Прибојевич во својата книга користи голем број изворни податоци, кои ги собрал по тогашните библиотеки, архиви и доминикански манастири. Токму затоа во воведното обраќање до својот пријател Петар, Патрициј и заповедник на Галија, кој најверојатно го платил печатењето на книгата, меѓу другото бара книгата „да биде издадена за општа полза на сите, но без да се исфрлаат цитатите на писателите наведени паралелно со главниот текст отстрана“.
И според цитатите, и според она што професорот го открил истражувајќи ја историјата, а врз основа на разликите во говорот меѓу Македонците и Грците, сосема е јасно дека Македонците никако не можат да бидат Грци, не знаат грчки, туку и тогаш, и секогаш, само својот мајчин, македонски јазик.
Самиот Тукидид, ели Прибојевич во 1525-та година, кој ја пишува книгата, тврди дека „Македонија зафаќа простор од Византија, Тракија, Мизија и Илирија“, а „разликата меѓу Грците и Македонците веднаш се воочува од карактерот и начинот на живеење, а со таква спротивност во карактерите и обичаите не може да стане збор дека Грците и Македонците се ист народ“.
Оттука, продолжува Прибојевич во својата книга од почетокот на 16-ти век, „кога атињанинот Диоскип требало да се пресмета во двобој со Македонецот Хорат, меѓу војниците на Александар, како што пренесува Квинт Курциј, Грците биле тие што го бодреле својот Диоскип.
Зошто, вели Прибојевич, „ако Македонците биле Грци, грчките војници не го бодреле Македонецот Хорат, како што го бодреле Гркот Диоскип?“ Самиот Пробојевич поставува уште многу вакви прашања, користејќи изворни сведоштва што ги собрал истражувајќи за историјата на автохтоните народи на Македонскиот полуостров.
Античките и средновековните Македонци зборувале ист јазик!?
Во оваа исклучително интересна книга за Македонија и Македонците, професор Винко Прибојевич, користејќи голем број цитати од грчки и латински писатели, всушност потврдува дека Македонците отсекогаш го зборувале јазикот којшто го зборувале и таа 1525-та година кога тој ја пишува својата книга. Значи, според него, Македонците живееле на овие простори и во тоа време, во почеток на 16-от век, како што живееле и во вековите што претходеле.
Ваквото тврдење на Прибојевич секако не и лежи на срце на македонската петта колона која тврди дека имало голема празнина, без Македонци, од времето на апостол Павле до книгата на Крсте Петков Мисирков во 1903-та година, односно дека Македонците исчезнале заедно со јазикот, обичаите, традицијата и својата историја. Дека тоа е обична измислица на оние што не се чувствуваат, и никогаш не се чувствувале Македонци, може да се види кај Прибојевич уште во 1525-та година, а не денес.
Имено, тој тврди дека Македонците во тоа време, во времето во кое тој живеел, го зборувале ‘истиот свој јазик каков што користеле и пред 1500 години, кога Грците не можеле да ги разберат што зборуваат па морало да се преведува’. Еве што вели професорот од Венеција од 16-ти век: „Затоа што некои писатели тврдат дека Македонците треба да се вбројуваат во Грци, како приговор изнесувам едно мислење на Квинт Курциј од неговата книга „Делата на Александар Велики“.
Тој појасно од сонце го разликува македонскиот јазик од грчкиот, па како бел ден може да се види дека македонскиот говор никако не можела го разбере целата војска на Александар Велики, затоа што еден дел од неговата војска биле Грци. Така, кога на Македонецот Филота, син на Парменион, кој требало да се брани пред македонското Собрание, Александар му рекол: ‘Филота, Македонците ќе ти изречат пресуда; те прашувам дали ќе им зборуваш на мајчин јазик’, а тој рекол дека нема да зборува на мајчин јазик, затоа што сите нема да го разберат.
Тогаш Александар веднаш додал дека Филота го мрази својот мајчин јазик“. Ако Македонците биле Грци, тогаш овој проблем воопшто не би бил проблем, зашто сите би зборувале грчки јазик. Фактот дека мајчиниот јазик на Македонците се разликувал од оној на Грците во војската на Александар Македонски, јасно покажува дека Македонците никогаш не се чувствувале Грци, бидејќи припадноста на еден народ, како што вели Прибојевич, најдобро се докажува со единственоста на јазикот, па „за припадници на еден народ ги сметаме оние кои уште од најрана доба заедно со мајчиното млеко го примаат истиот јазик“.
Ако Македонците и Грците биле ист народ, смета Прибојевич, тогаш немало потреба Александар Велики да се нарекува крал на Македонците и Грците туку само крал на Грците. Значи, вели тој во својата книга стара пет века, бидејќи Македонците имаат свој јазик, а тој јазик не паднал од небо, јасно е дека тие отсекогаш па и денес, како што сведочи и големиот Филип од Бергамо, го имале истиот јазик што го говорат и сега.
Ако е така во 1525-та година, кога е кажано и напишано од Прибојевич, тогаш сосема е веројатно дека Александар Македонски и цар Самуил зборувале ист јазик, оној што го зборувале Македонците отсекогаш. Според Прибојевич, Александар, Самуил и свети Климент, на пример, во 1525 година би се разбрале меѓу себе на својот мајчин јазик!
Kniga-Aleksandar-Makedonski-Car-Samoil-1
Немало писатели кои верно би ги прикажале делата на Македонците!
Според Прибојевич, „немало писатели кои верно би ги прикажале делата на Македонците“, па „голем дел од нивната најстара историја по Александар Македонски останала непозната“. Но, сепак, и оние податоци, кои, макар и против своја волја, како што вели, ги пружале другите автори, доволно јасно укажуваат на тоа дека ниту во воената слава, ниту во поседувањето на многу земји, подоцнежните таканаречени Словени не заостануваат зад ниту еден народ, туку, напротив, со своето славно потекло им заповедале на други народи.
Записите на Јулиј Капитолин, Требелиј Полион, Флавиј Вописк, Секс Аурелиј Виктор, Еутропија, ѓакон Павле и многу други по нив, пишува Прибојевич, потврдуваат дека многу римски цареви и многу папи се таканаречени Словени. Но, кога и само накратко би ги раскажал нивните дела, вели тој, би морал да напишам многу томови. Притоа, вели професорот од Венеција, не можам молчејќи да поминат преку овие факти:„Кога битките биле на море или на копно, Словените секогаш или ги совладувале своите непријатели или во машка борба ја наоѓале својата смрт.
Ништо кај нив не се смета пославно и подостоинствено од тоа да се победи или да се загине во јунашка борба. Затоа кога сакаат нешто да им веруваат, се колнат со зборовите “Да умрам веднаш, ако тоа не е така”. Словените сметаат дека не е важно дали ќе загинат или ќе победат, доколку тргнат напред со својата желба за слава.
Можеби е чудно, пишува Пробојевич, но сепак треба да се знае вистината дека дури и турскиот султан неверојатно многу ги ценел луѓето од македонско потекло, и затоа токму од нив ги именувал речиси сите главни команданти на војката, па така од нив формира силен одред од 20.000 луѓе за лична стража.
Затоа, за жал, фактите зборуваат, особено во она наше несретно време, пишува Прибојевич во 1525-та годона, дека Отоманските окупатори, со помош на вакви одреди, совладуваат кралства, заземаат царстава, освојуваат утврдени градови и со сите сили настојуваат да го срушат римското царство и да ја сотрат вистинската вера.
И не само Отоманската сега, туку и Малетачката република која била некогаш страв и трепет за своите непријатели, особено на море, најсилна била тогаш кога во своите редови имала словенски војници. Всушност, никој никогаш не видел овие народи, кои подоцна биле наречени Словени, да бидат млитави за борба или да веднат глава пред својот непријател“, завршува професорот Прибојевич.
Kniga-Aleksandar-Makedonski-Car-Samoil-2
Римјаните измислуваа провинции само да го снема името Македонија!
Во својата книга за Македонскиот полуостров и неговата историја, но онаа историја што не ја прекроиле или искривиле противниците на балканските народи, почнувајќи од антиката па сè до таа 1525-та година, кога ја пишувал книгата, Прибојевич изнесува стотици цитати и имиња на автори кои ги користи како извори за да ја поткрепи својата теза за прекинатата историја на народот кој на Балканскиот полуостров се доселил наводно дури во шестиот век.
Според него, таканаречените Словени, се разбира под други имиња, отсекогаш биле тука, а преселбата е измислена само за да се поништи континиутетот на опстојувањето на древниот народ низ вековите. За Прибојевич, кој е роден на островот Хвар, сите поделби на овој дел од Европа биле правени само за да се поништи автохтоноста на народот што живеел на своите вековни огништа со илјадници години.
Затоа тој тврди дека треба да се напушти старата поделба на покраини, која непријателите успеале да им ја врежат на таканаречените Словени, и повторно да се користи единствено точната и природна граница на народите што живеат, како што вели, на Македонскиот полуостров. Зборувајќи како Далматинец за Далмација, ја опишува и нејзината граница која на „запад оди до Истра, на исток граничи со Епир и Македонија, на север се простира до Босна и Хрватска, а на југ е Јадранското Море“.
Тоа се границите кои отсекогаш биле природни граници на полуостровот и кои обичните луѓе на Хвар ги знаеле и во почетокот на 16-от век, како што вели Прибојевич. Иако Македонија како држава во тоа време не постоела, границите останале да се помнат како граници на Македонија. Интересно е тоа што Прибојевич никаде во својата книга не ја спомнува Бугарија и Бугарите како дел од таканаречените Словени на Македонскиот полуостров.
Всушност, само на едно место има некаква асоцијација дека „целата земја до Црното Море е македонска земја која подоцна е прекрстувана со разни имиња за да се покрие трагот на вистината за Македонија“.
Значајни факти за потиснатата Историја на Балканот
Примерок од книгата на Винко Прибојевич, објавена во Венеција во 1532 година била пронајдена дури во 1922-та година од страна на академик Новак Грга, кој во 1951 година бил член на Југословенската академија на науките и уметностите во Загреб.
Благодарејќи му нему во 1951 година книгата е објавена прв и последен пат двојазично, односно латинскиот оригинал што бил печатен во Венеција во 1532-та година и преводот на српско-хрватски јазик направен во 1951-та година. Интересно е тоа што Народната библиотека во Скопје книгата ја добила во 1952-та година, значи една година по објавувањето, а според печатите на првата страница нејзиното заведување преку ревизиии во библиотечниот фонд била правена три пати.
Од печатите на книгата може да се види дека била пререгистрирана во 1957, во 1965 и во 2002-та година. Според академик Новак Грга делото на Винко Прибојевич во својата концепција и со своите ставови е од „епохална важност, затоа што открива значајни потиснати факти за славата на таканаречените Словени“ на Балканот. Оттука, смета тој, делото на Прибојевич е едно од најважните дела на балканската историографија и заслужува посебно место и во меѓународната историографија.
За академик Грга, и покрај некои грешки во цитатите на старите автори, Прибојевич „без сомнение е многу добар познавач на класичната историја, а можел да користи и грчки и латински извори. Исто така, одлично ги познава и делата на светите апостоли, но и делата на Аристотел, Августин, Тома Аквински и други“, или, како што вели академикот Грга, тој е „многу учен човек кој вледеел со тогашната литература, ги познавал сите тогашни големи историски дела, кои не само што ги читал туку и внимателно ги проучивал“.
Од друга страна, академикот на ЈАЗУ, кој напишал и предговор за изданието во 1951-та година, вели дека Прибојевич се служел и со сите тогашни енциклопедии, во прв ред со енциклопедиите на Калепин, Бергомас, Изидор и Бионд. Сето тоа, констатира академик Грга, го употребил во своето дело, кое така добива научна форма карактеристична за времето во кое ја пишувал својата книга, која, во првата фаза, всушност била говор што го одржал пред учените луѓе на Хвар.
Папата наредил да се спали книгата што користела цитати од Прибојевич!
Мошне интересно е тоа што Винко Прибојевич, односно неговата книга за Македонците, и нивната историја, која на латински јазик била отпечатена во 1532 година, извршила огромно влијание врз Мавро Орбини, кој ги прифатил неговите тези и во 1544 година во Рим објавил своја книга од ова област.
За жал, книгата веднаш била забранета, а папата наредил да се спали до последниот примерок. Сепак, еден примерок најверојатно некако бил спасен, па делото на Орбини повторно е печатена во 1601 година, а во неа се разработени сите главни насоки од книгата на професор Винко Прибојевич.
Во секој случај, како што вели академик Грга, Прибојевич бил голем патриот, кој прв ја изнел концепцијата за големината на Македонците, за народот на Македонскиот полуостров од антички времиња до средината на 16-ти век, настојувајќи тоа и научно да го докаже.
Колку успеал во тоа, и колку оваа негова книга може да се смета за научна, треба да каже науката, а единствениот примерок од неа постои и се чува во НУБ Свети Климент Охридски, во Скопје.
Пишува: Блаже Миневски

abvedit недеља, 27. октобар 2019.
Six Cartoonists on Critical Failure, One Panel at a Time


Barbara Smaller, Edward Koren, Mick Stevens, and More

If given the choice between a great sales or great reviews, what would you choose? It’s illogical but I know most authors would rather take the praise instead of the prize. This is truly funny because we live in a time when everyone in the country is a critic and there is no other group more sensitive or takes reviews worse than writers & poets. Even the beloved classic, The Old Man and the Sea, got a one-star review online (“Worst book ever.”). My first review was a full-page dismantling of me in The New York Times Book Review (It was so bad and vindictive my editor sent me condolence flowers and friends asked me if the reviewer was an ex).No question, it’s hard to keep a sense of humor about bad reviews but lucky for us some the world’s greatest cartoonists have. The following drawings are from a new collection of cartoons to help us keep everything in perspective called, Everyone’s A Critic: The Ultimate Cartoon Book by the World’s Greatest Cartoonists.

Barbara Smaller



Michael Maslin



Mick Stevens


P. C. Vey

William Haefeli

Everyone's a Critic: The Ultimate Cartoon Book by Bob Eckstein




abvedit петак, 25. октобар 2019.
Македоника литера -Чешка полица

На чешката полица на книги во издание на "Македоникаа литера" може да се најдат книги за сечиј вкус и за секој читател. Од наградувани романи и збирки раскази со највисоката чешка награда за литература, "Магнезија литера", па се до поеми, книги за деца, историографска литература..

Сите книги од чешката полица може да се разгледааат на www.makedonikalitera.mk а достапни се за нарачка на makedonikalitera@gmail.com, www.kupikniga.mk, во книжарниците на "Култура" и "Три" (ГТЦ) во Скопје и кај нашите книжари во Велес и Битола.


Дел од насловите се:

Петр Станчик: Мелница за мумии (роман, награда Магнезиа литера 2015)
- Јан Балабан: Прашај го тато (роман, „Магнезија литера“, Книга на годината 2011)
- Јан Балабан: Можеби заминуваме (раскази, награда Магнезиа литера 2005)
- Ана Болава: Во темнината (роман, награда Магнезиа литера 2016) -
- Петра Соукупова: Исчезнување (роман, Книга на годината во Чешка, 2010)
- Херцигова, Павловска, Вивег: Тројца за никаде (роман)
- Јан Неруда: Приказни од Мала Страна (новели и раскази)
- Бохумил Храбал: Строго контролирани возови
- Карел Чапек: Војна со дождалците (роман, СФ)
- Карел Чапек: РУР (драма)
- Карел Чапек: Бела болест (драма)
- Божена Немцова: Бабичка (роман)
- Јан Карафијат: Бумбарчиња (книга за деца)
- Карел Хинек Маха: Мај (поема)
- Јан Рихлик, Мирослав Коуба: ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
- Јан Рихлик, В. Пенчев, Н. Велјановски: ИСТОРИЈА НА ЧЕШКА
- Новица Велјановски: Македонско-чехословачки културолошки релации

Фотографија на Македоника Литера.
Фотографија на Македоника Литера.
Фотографија на Македоника Литера.Фотографија на Македоника Литера.
Фотографија на Македоника Литера.

Фотографија на Македоника Литера.

Фотографија на Македоника Литера.
Фотографија на Македоника Литера.

Фотографија на Македоника Литера.


Фотографија на Македоника Литера.


Фотографија на Македоника Литера.


Фотографија на Македоника Литера.


Фотографија на Македоника Литера.


Фотографија на Македоника Литера.Фотографија на Македоника Литера.

Фотографија на Македоника Литера.

abvedit
Долорес Атанасова – Лори е добитничка на наградата „Тодор Чаловски“



Здружението за култура, литература и уметност „Галикул” има чест да извести дека поетесата Долорес Атанасова-Лори (Д.А. Лори) е овогодишна добитничка на наградата „Тодор Чаловски“ за 2019-2020 година во областа на поезијата, книжевната критика, есеистиката и креативните прозни форми.
Наградата се доделува во знак на почит и сеќавање кон ликот и делото на својот основоположнк и еден од најистакнатите современи македонски писатели Тодор Чаловски (1945 – 2015), како признание од областа на поезијата, книжевната критика, есеистиката и креативните прозни форми, за автор од Македонија. Наградата предвидува издавање на книга на наградениот автор во 2020 година, резидентен престој во Галичник и авторски хонорар за изданието. Здружението за култура, литература и уметност „Галикул” одлуката ја обзнани на 25-тата по ред традиционална „Галичка книжевна колонија” одржана во Галичник од 11-ти до 13-ти октомври, на која освен овогодишниот лауреат, учествуваа и поетите Јовица Ивановски, кој оствари резидентен престој во Галичник на покана на организаторите и Биљана Стојановска, минатогодишна добитничка на наградата.
 – Ни претставува огромна чест и задоволство што наградата ја доделуваме на еден од најавтентичните современи македонски поетски гласови. Поезијата на Лори е бескомпромисно искрена, исткаена од животно искуство и неверојатна имагинација. Неизмерно сме горди што следната година ќе можеме да ја објавиме нејзината нова збирка која веруваме ќе разбуди посебен интерес кај македонската книжевна публика” – исктакна Данче Чаловска, главна и одговорна уредничка во „Галикул“.



Ќе се сретнеме ли?

Возам низ градот во ниедно време,
по мокри улици и празни семафори,
по улиците, сеништа од дневниот метеж,
на радио, „Сениште” од Архангел,
Под ова небо железно
никогаш нема да се сретнеме…
Сите ние неколкумина,
во оваа темна ноќ, одиме некаде;
и мачката која знае да оди по вода,
и згрбавениот старец
кој ги влече нозете
полни години и умор,
и јас, замислена зад воланот,
со цигара во рака
и глава полна мрачни стихови,
и моите вчера, денес и утре,
удобно оптегнати на задното седиште…
Понекогаш ноќите се премногу долги,
чиниш никогаш нема да се раздени,
да светне ден и да ме повлече,
да ме сардиса со обврски,
да подзаборавам дека тивко се губам,
дека се разминувам со себе,
со тебе, со другите.
Ќе се сретнеме ли?


Долорес Атанасова – Лори (Д.А. Лори) е родена во 1974 во Германија. Раното детство го поминува во Германија, а потоа се сели со семејството во Охрид, каде го поминува детството и средношколските денови. Во 1993 во Скопје запишува студии по англиски јазик и книжевност. Оттогаш живее во Скопје, каде работи како професор по англиски јазик. Песните на Д.А.Лори за првпат се објавени во Букбокс, по што следи соработка со издавачката куќа Блесок, за која, во 2014, ја издава својата прва збирка поезија насловена „Будење во трето лице еднина“. Во 2016, од печат излегува „Со ветрот под рака“, во издание на издавачката куќа Антолог. По пауза од три години, во 2019, излегува нејзината трета книга, „Небо во кафез”. Во меѓувреме, нејзини песни се објавувани во поетската збирка „100.000 поети за промена” и е-книгата „Поетискон”, како и на страната на Словокулт, онлајн магазин за уметност и литература, и Фиxпоетрy, германска платформа за литература на интернет. Поезијата на Д.А. Лори е исто така објавена во монографијата на Астални проекции, како и во најстарото македонско списание за литература, култура и уметност, „Современост”. Долорес Атанасова-Лори е добитничка на интернационалната награда на „Антево Слово”, која за првпат беше доделена во 2017 во склоп на италијанската поетска манифестација Ангело ла Векија. Нејзината поезија досега е преведена на германски, англиски, српски и на шпански јазик.
„Галичка книжевна колонија” е една од најстарите и најзначајни поетски манифестации во Македонија, која оваа година се одржува по 25ти пат. Таа има за цел да даде придонес во континуираното унапредување на современата македонска поезија и збогатувањето на македонската современа култура и, воедно, да ја промовира наградата „Тодор Чаловски“, востановена во сеќавање на истакнатиот македонски поет и писател Тодор Чаловски, основач на манифестацијата. Посебен белег на овгодинешната манифестацијата даде литературното читање пред куќата на најзначајниот македонски преродбеник Ѓорѓија Пулески на кое беа споделени стови од поканетите писатели. Посебен акцент беше ставен на стихови од првообјавената поетска книга на Чаловски „Ноќ во која те нема“, која оваа година одбележува 50 години од објавувањето. Незаборавно беше дружењето и разговодите со Дејан Дуковски, еден од нашите најзначајни драмски писатели и заложник за заживување на културата во Галичник. Колонијата и оваа година имаше поддршка од Месната заедница „Галичник” и Министерството за култура. Досегашни лауреати на наградата “Тодор Чаловски” се Марта Маркоска (2015/2016), Иван Антоновски (2016/2017) и Биљана Стојановска (2017/2018).

abvedit понедељак, 21. октобар 2019.
„На распоред“ (On the Clock, jули 2019)-Емили Гунделсбергер



Да, зборуваме на чет, понекогаш и на телефон, но помеѓу секое видување поминуваат сè подолги и подолги периоди. Нарушувањето на колективниот ритам на одмарање значи прекин на меѓучовечките врски, а тоа атомизирање и изолирање е можен извор на тоталитаризам.
Пред помалку од еден век СССР се обидел да спроведе една од најчудните промени на календарот. Во напорите Сталин да ја претвори заостанатата земјоделска земја во индустриска, тој ја намалил неделата од седум на пет дена, при што саботата и денот недела биле избришани.
Наместо викендот, во 1929 бил воведен нов систем на одмарање. Владата ги поделила работниците на пет групи: секој ден четири петини од пролетаријатот ќе се појавел на своето работно место, додека последната петина одмарала. Секој работник добил обоено ливче - жолто, портокалово, црвено, лилаво или зелено - кое ја означувало неговата група. Овој распоред бил познат како непреривка, или „постојана работна недела“, бидејќи производството никогаш не запирало. Промената истовремено одела контра религиското значење на неделата, која сега била работна.



Според Е. Г. Ричардс, авторот на „Мапирање на времето“, социјално, непреривка била катастрофа. Луѓето немале време да се видат со пријатели, особено ако тие не биле во истата „боја“. Се случувало дури и маж и жена да не бидат во истата група, иако раководителите наводно внимавале тоа да биде така.
Не поминало многу, па дури и послушните работници почнале да се бунат. И властите не биле задоволни затоа што ова влијаело врз присуството на работниците на состаноци, што било важно за марксистичкото образование. Во 1931 Сталин објавил дека системот бил ставен во функција „избрзано“, што довело до „деперсонализиран трудов процес“. Таа година е додаден ден за колективен одмор. А седумдневната недела е обновена дури во 1940.
Експерименти како овие зборуваат лошо за таканаречениот „социјален инженеринг“. Па сепак, сè повеќе луѓе во светот живеат токму вака, без да ја разликуваат работната недела од викендите, а оние послободните дружејќи се само со оние од истата „боја“ - кои не се по цел ден на работа, и кои можат да одвојат време во скапоцените викенди.
За својата најнова книга, „На распоред“ (On the Clock, jули 2019), новинарката Емили Гунделсбергер се вработила во магацин на Амазон, во центар за поддршка на корисници и во МекДоналдс. Сите три компании подразбирале флексибилно работно време, според нивно толкување: „Може да се бара работење ноќе, за време на викенди или празници. Често се работи прекувремен број часови. Работните распореди се предмет на промена без претходно известување“ - пишувало во онлајн формуларите.
Но и работните недели на оние побогатите не се нешто подобри. За својата книга од 2012 „Спиејќи со мобилниот“, професорката од Харвард Лесли Перлоу спровела истражување со 1600 менаџери и професионалци. 92% од нив рекле дека работат повеќе од 50 часа неделно, а третина дека тоа го прават 65 часа или повеќе. Речиси сето будно време тие го посветуваат на своите кариери.
Атмосферата на заедничко одмарање ја нарушуваат и бројните трговски центри и супер-маркетите кои се отворени и во недела и на празници. Воншколски активности се организираат и за викендите. А тука се и незавршените работни обврски од неделата, кои „висат“ над главата и не даваат раат ни во тие малубројни часови кои се минуваат во неработа. Оттаму и движењето „опт аут“ (откажи), кое не се залага за повеќе слободно време, туку за целосно отфрлање на култот на бизнисот, одбивајќи ја идејата дека секоја минута треба да биде оптимизирана или сфатена како можност за заработка.
Помеѓу политичките филозофи веќе е клише ставот дека ако некој сака да создаде услови за тиранија, наједноставниот начин е да ги уништи интимните врски и локалната заедница. „Тоталитарните движења се масовни организации на атомизирани, изолирани индивидуи“, напиша Хана Аренд во „Потеклото на тоталитаризмот“ уште далечната 1951. Но за разлика од нацистичка Германија, нам не ни треба тајна полиција за да нè претвори во изолирани души. Се што треба е да не се буниме против галопирачкиот капитализам, кој ги гази нежните семиња на вниманието, близината и солидарноста помеѓу луѓето.
off.net.mk

abvedit среда, 16. октобар 2019.
Конкурс за манифестацијата „Денови на македонската литература за деца 2019“



ЕДУКА МАК распишува КОНКУРС за необјавена книга за деца или сликовница во рамките на проектот „ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА ЗА ДЕЦА 2019“ којшто ќе се реализира во месец декември 2019

Конкурсот за доделување на наградата „ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА ЗА ДЕЦА“ се објавува за необјавена книга за деца – сликовница на македонски јазик која ќе биде отпечатена и промовирана за време на манифестацијата.
Конкурсот е отворен до 10 ноември, 2019.
Ракописите во пдф -формат се праќаат електронски на мејл адресата: stihuvalki@gmail.com
Авторот на избраната книга-сликовница ќе добие плакета која ќе му биде доделена на свечен начин.

abvedit уторак, 15. октобар 2019.
Димитар Митрев-столетие од раѓањето



Пред точно едно столетие, во Охрид, роден е Димитар Митрев, еден од основоположниците на македонската книжевна критика и теорија, маркантна фигура во историјата на македонската книжевност и култура. Белегот кој тој го има оставено денес беше претставен пред гостите во Друштвото на Писатели на Македонија.
Според директорката, во творештвото на Митрев постојат многу идеи кои можат да послужат како светилници во ова денешно време, но во фокусот се идеите за зачувувањето на нашиот културен идентитет и стремежот кон повисоки стандарди во културата:
„Трагата и темелите кои Митрев ги остави се цврсти и постојани, и бараат ентузијасти кои ќе бидат подготвени да се саможртвуваат на начин на кои Митрев тоа го правеше за македонската култура, книжевност и историја.“ – изјави професорката Јелена Лужина.
За животот на основоположникот на македонската современа книжевна критика денес во ДПМ на книжевната средба говореше и неговата ќерка, проф Илинка Митрева, сеќавајќи се на пораките кои тој и ги оставил во наследство.


Димитар Митрев беше еден од основачите на Друштвото на писатели на Македонија во 1947 година и во неколку наврати негов претседател, професор, декан на Филозофскиот факултет и ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и член на МАНУ од нејзиното основање во 1967 година. Почина 24 февруари 1976 година во Охрид.

abvedit понедељак, 14. октобар 2019.
Seo Services