Димитар Митрев-столетие од раѓањето




Пред точно едно столетие, во Охрид, роден е Димитар Митрев, еден од основоположниците на македонската книжевна критика и теорија, маркантна фигура во историјата на македонската книжевност и култура. Белегот кој тој го има оставено денес беше претставен пред гостите во Друштвото на Писатели на Македонија.
Според директорката, во творештвото на Митрев постојат многу идеи кои можат да послужат како светилници во ова денешно време, но во фокусот се идеите за зачувувањето на нашиот културен идентитет и стремежот кон повисоки стандарди во културата:
„Трагата и темелите кои Митрев ги остави се цврсти и постојани, и бараат ентузијасти кои ќе бидат подготвени да се саможртвуваат на начин на кои Митрев тоа го правеше за македонската култура, книжевност и историја.“ – изјави професорката Јелена Лужина.
За животот на основоположникот на македонската современа книжевна критика денес во ДПМ на книжевната средба говореше и неговата ќерка, проф Илинка Митрева, сеќавајќи се на пораките кои тој и ги оставил во наследство.


Димитар Митрев беше еден од основачите на Друштвото на писатели на Македонија во 1947 година и во неколку наврати негов претседател, професор, декан на Филозофскиот факултет и ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и член на МАНУ од нејзиното основање во 1967 година. Почина 24 февруари 1976 година во Охрид.

Нема коментара

Seo Services