ЗА БУКВИТЕ


Idентиteтот si го braniме so латиniца??????????????????????

ЗА БУКВИТЕ
Браниме идентитет со латински букви. Не дека не сме биле 1500 години под Римска власт или влијание. Територијата на Македонија беше под римска управа подолго од самиот град Рим или Апениснкиот полуостров. Но нашите кирилски букви беа создадени токму за одбрана на словенското население од се посилната Германизација, Латинизација и Елинизација во повеќе новонаселени словенски области. Кнезот Ростислав побара од Византискиот император Михаил III учени луѓе кои ќе го шират Христијанството во неговите земји на разбирлив словенски јазик за што ќе им требаат книги напишани со посебно писмо. Тој ова барање го упати токму заради неговиот страв дека неговото население ќе го изгуби идентитетот под назеда на германските свештеници преку употребата на латинскиот јазик и писмо во службите во црквите, а подоцна и во администрацијата и во секојдневниот живот.


Таа слика можеме да ја пренесеме и на територијата нa балканскиот полуостров каде новодојдените словенски народи се наоѓаа во опасност од Хеленизација и бугарскиот владетел Борис I побара создавање на упростена Глаголица, сега наречена Кирилица, за полесно да ја рашири меѓу населението преку Христијанизацијата. Повторно имаме борба за зачувување на идентитет преку создавање на ново писмо, Кирилското во случајов. Тоа Кирилско писмо ќе биде проширено меѓу словенското население во Македонија од страна на свети Климент. Новото писмо беше раширено заедно со покрстувањето на македонското населене (тогаш во рамките на Првото бугарско царство) и значеше силно оружје во борбата со засилената Елинизација. Повторно имаме борба за зачувување на идентитетот.

Во неколку наврати сум кажал дека идентитетот не се сувите пиперки и макало со тавче гравче, или шопска салата со ракија. Не, тоа не е идентитет. Идентитет е нешто што е врежано во генот на секој народ, неговата вера, писмо, јазик и како резултат на овие три работи произлегува културата. Различноста на еден народ е во неговиот менталитет што се основа токму на овие три наброени работи. Затоа ние целосно треба да ја отфрлиме латиницита од секојдневна употреба и меѓусебна комуникација. Она што ќе го зацврсти нашиот идентитет е токму нешто што е различно од останатиот свет. Она што некогаш беше оружје за борба за зачувување на идентитетот, и денеска може да се претвори во оружје за борба за одржување на тој идентитет.


П.с: фотографиите се направени во црквата Сан Клементе во Рим, на гробот на свети Кирил Солунски.

Нема коментара

Seo Services