Оган и бес: Во Белата куќа на Трамп



Вашингтон, 4 јануари 2018 (МИА) - Адвокатот на американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави дека ќе побара да се спречи објавувањето на новата книга за претседателот на САД, во која тој е претставен како неук човек, за кого ниту најблиските соработници немаат добро мислење, јави „Вашингтон пост“.

Белата куќа е во раскол со неколкумина свои поранешни соработници, откако угледниот весник „Вашингтон пост“ објави делови од книгата на искусниот новинар Мајкл Волф, насловена „Оган и бес: Во Белата куќа на Трамп“, која следната недела излегува во продажба.

Во најголема немилост на Доналд Трамп е Стивен Бенон, поранешен главен стратег на американскиот претседател и советник во неговиот изборниот штаб за време на претседателската кампања. Во книгата, Волф открива некои размисли и стојалишта на Бенон во однос на клучни моменти од кампањата и од претседателствувањето на Трамп.
Американскиот претседател вчера одговори дека раскрстил со Бенон и оти тој го изгубил разумот.
„Вашингтон пост“ објави неколку клучни извадоци и заклучоци од книгата, чија промоција ќе се случи на 9 јануари. Книгата е заснована на повеќе од 200 интервјуа со претседателот, негови најблиски соработници и членови на админстрацијата.
Адвокатот Чарлс Хардер на Волф му испратил известување, во кое се наведува дека се разгледуваат обвиненија за клевета и барање „веднаш да се запре и да престане натамошно објавување, издавање или дистрибуција на книгата“, нејзини извадоци или делови.
Извадоци од книгата веќе се објавени, каде Трамп е претставен како милијардер - фалбаџија, кој не сакал да биде претседател, туку со претседателската кампања сакал да го зајакне својот бренд.
Сегашниот претседател на САД не бил уверен во својата способност за победа и идејата тој да влезе во Белата куќа за него била несфатлива. Бил убеден дека води лоша кампања и дека ќе изгуби, сметајќи ги сите околу него за губитници и идиоти. Додека луѓето на демократскиот кандидат Хилари Клинтон, за него биле брилијантни победници. 
-Тие го имаат најдоброто, а ние најлошото, често велел Трамп.
Во книгата се наведува дека Трамп не се разбира во многу работи, дека не можел да ги сфати сложените проблеми, а се цитира и изјавата на медиумскиот могул Руперт Мардок, каде тој вели дека Трамп е „идиот“.
Во книгата, Бенон остро ги критикувал и децата на Трамп. За состанокот со рускиот адвокат за време на кампањата, на која бил синот на Трамп, Бенон рекол дека тоа е „предавнички“ и „непратриотски“.
-Три високи лица од кампањата сметаа дека состанокот со странска влада во Кулата Трамп би била добра идеја, да се сретнат во сала за конференции на 25 кат, без адвокати. Ако тие мислеле дека тоа не е предавство, ниту непатриотско, ниту нешто лошо, јас мислам дека е токму тоа. Тие требале веднаш да го повикаат ФБИ, наведува Бенон.
Адвокатите на Трамп веќе го обвинија Бенон дека го прекршил договорот за доверливост, а Трамп рече дека го изгубил разумот.
Веднаш откако Трамп бил избран за нов претседател на САД, во ноември 2016, тој започнал да разгледува кандидати за шеф на неговиот кабинет. Му го предложиле Џон Бонер, тогашен спикер на Претставничкиот дом на САД од редовите на републиканците, како добра варијанта бидејќи одлично го знаел Вашингтон, 
- Кој е тоа? прашал Трамп.
„Она кога си избран за претседател на една земја, а не знаеш кој е спикер на парламентот“, се наведува во книгата.
Во книгата на Мајкл Волф пишува и дека Меланија Трамп била уплашена да ја преземе улогата на прва дама на САД.
Трамп често јадел во Мекдоналдс инкогнито, бидејќи се плашел од труење.
Претседателот на САД немал никаков интерес да го укине Обамакер, клучниот закон за универзално здравствено осигурување од времето на Барак Обама.
Понатаму, неговата ќерка, Иванка Трамп, кажувала шеги на сметка на неговата коса и имала претседателски амбиции. По разрешувањето на шефот на ФБИ, Џејмс Коми, Трамп бил изненаден од критиките на негова сметка

Нема коментара

Seo Services