Независно дали сте почетник или напреден професионалец, на вебот секогаш има нешто интересно што може да го прочитате. Дали барате искуство во пишување на SVG (скалабилна векторска графика), градење на веб апликации или сакате да станете хонорарец со полно работно време? Сега нема потреба од преголеми книги. Има многу кратки, но корисни електронски книги кои што ќе ви овзможат да станете професионалец во одредена област. И најдоброто од сѐ е што овие електронски книги може бесплатно да ги превземете од интернет!
Само скролајте надолу и уживајте во приказот на 15-те бесплатни електорнски книги за веб дизајн и програмирање кои ќе ги подигнат вашите вештини на повисоко ниво. Некои од нив ви се на располагање во PDF и други формати, додека останатите може да ги читате само online.
Во овој прирачник ќе најдете детален вовед во пишување на SVG (скалабилна векторска графика) и ќе дознаете од каде да почнете. Употребувајќи јасни примери од слики со овошје и кратки објаснувања на атрибутите, чекор по чекор ќе ги научите SV графиците. Прирачникот го има и на португалски јазик.
Автор: Џони Трајтол
Достапна:
Online
Оваа електронска книга би им била од корист и на почетниците, а и на поискусните Javascript програмери бидејќи ја обработува темата во детали. Авторот континуирано пишува за Javascript и неговите други интереси на блогот
2ality.com
Автор: Др. Ексел Рошмаер
Достапна:
Online
Научете го потеклото на прогресивното подобрување, неговиот механизам, филозофија и многу практични начини на кои може да ги примените принципите на прогресивното подобрување употребувајќи JavaScript, HTML, и CSS во оваа книга со 6 поглавја.
Автор: Арон Густафсон
Достапна:
Online
27-те страници од оваа кратка електронска книга ќе ве прошетаат низ клучните класификации за типографијата. Таа ги покрива главните карактеристики на стилот, како и кратка историја за секоја класификација.
Автор: Џејкоб Кес
Достапна:
PDF
Во овој прирачник ќе најдете 11 неверојатни совети за тоа како да креирате одлична WordPress страница. Доколку сте почетник во оваа област и сакате да го инсталирате WordPress, оваа електронска книга е напишана токму за вас.
Автор: iThemes Медиа
Достапна:
PDF
Ова е електронска книга во 15 поглавја напишана од Џереми Синз, која ќе ве научи како набрзина да изградите веб апликации употребувајќи го Go програмскиот јазик.
Автор: Џереми Синз
Достапна:
PDF |
ePUB |
Mobi |
Online
Никогаш не е предоцна да ја направите вашата страница мобилна. Научете што е чувствителен (responsive) дизајн, мобилни страници и мобилни апликации, и добијте совети како да ја претворите страницата во мобилна и прилагодена за мобилни уреди.
Автор: iThemes Медиа
Достапна:
PDF
Содржи интерактивни примери и вежби низ кои ќе ве воведе во градењето на canvas апликациите. Пожелно е да имате познавања од Javascript и HTML пред да почнете со оваа книга.
Автор: Џош Марианчи
Достапна:
Online
Во оваа навистина кратка електронска книга, во помалку од 20 страници, ќе ги откриете клучните разлики помеѓу страниците на пристигнување и почетните страници, зошто тие се толку важни и како да изградите модерна страница на пристигнување.
Автор: iThemes Медиа
Достапна:
PDF
Книгата за брзината од Стојан Стефанов е online, бесплатна електонска книга за веб перформанси. На почетокот се фокусира на деловните импликации на веб перформансите: зошто брзината е важна, а потоа дискутира за измените кои можат да ја подобрат изведбата.
Автор: Стојан Стефанов
Достапна:
Online
Оваа електронска книга е напишана од авторот на Пет едноставни чекори, Марк Болтон. Книгата има 5 главни поглавја во кои се обработуваат теми како истражување и идеи, бои, типографија, распоред на страницата и се она што не очекува доколку сакаме да влеземе во светот на веб дизајнирањето.
Автор: Марк Болтон
Достапна:
PDF
Има многу застарени информации за Веб-от кои ги водат новите PHP програмери по погрешен пат. Оваа електронска книга е овде да го сопре тоа.PHP: Вистинскиот начин е едноставна за читање и разбирање и во себе ги содржи најдобрите РHP практики и линкови до авторитативни туторијали.
Автор: Џош Локхарт
Достапна:
Online
Оваа книга е напишана од основачот и извршниот директор на iThemes, и е наменета исклучиво за веб програмери. Таа ќе ви покаже како да изградите ваше портфолио, како да работите со клиенти, да развиете комуникациски вештини и ќе ве инспирира да продолжите со учење и истражување.
Автор: Кори Џеј Милер
Достапна:
PDF
Дали сакате да станете хонорарен веб дизајнер со постојано работно време, а немате идеја каде да почнете? Оваа електронска книга ќе ви ги каже предностите и недостатоците на следењето кариера како фриленсер и ќе ви понуди практични примери за тоа како да изградите цврст бизнис во тоа поле. Ќе научите како да заработите пари, да бидете поорганизирани, да најдете нови клиенти и многу повеќе.
Автор: iThemes Медиа
Достапна:
PDF
Во 6 поглавја се содржани box модел, распоред на страница, распоред на табела, боја, типографија и CSS транзиции. Оваа книга е лесна за разбирање, добро напишана и полна со интерактивни примери кои не дозволуваат да изгубите интерес.
Автор: Адам Шварц
Достапна:
Online